„Член 7 – Во членот 21 став (3) зборовите: „адреса на електронска пошта“ се бришат. По ставот (3) се додава нов став (4), кој гласи: „(4) Во постапката за упис во надлежниот регистар субјектите на уписот освен податоците определени во ставот (2) од овој член, се должни да ја пријават за упис и адресата на електронското сандаче за прием на писмена.““
Бесплатното пријавување е до 1 април, а после се плаќа по 500 денари. Но, тоа што е интересно, е што наместо дигитално, за пријавување имејл е потребно да се користи ПП образец кој треба да се достави на шалтер.
„Попoлнување на обрасците се врши јасно и читливо на машина за пишување или на печатар, без примена на непознати кратенки, прецртување, бришење и додавање. Образецот може да се превземе од нашата веб страница и со можност за електронско пополнување. За пријавување на имејл адреса потребно е да се пополни првата и последна страница од образецот.“, велат од Централниот регистар.
@bvelkovska @olivermk a dali znaete deka formularot ako ne e iskucan na masina go vrakaat !!! toa se sluci kaj nas vo firma …
На сајтот на Централен регистар нема никакво известување за барање за поднесување на Е-пошта ?!?!?!?
Каков #mkfail! Задолжителната пријава на email адресите за компаниите е возможна само со рачно пополнет образец и на шалтер. Мастиљари!


Коментари
15 коментари
Коментарите се затворени.