0 коментари 1 мин. читање

Logic Booster – Brain Games нова македонска Android видеоигра

Logic Booster е нова македонска Android видеоигра креирана од Славко Здравевски и Петар Рајчиновски. Креаторите на играта велат дека станува збор за логичка игра, иако повеќе е забавна игра, со која ќе ви помине времето.

Дел од играта се сложувалки, игри за меморија, математички предизвици. Но, има и трик прашања, кои се повеќе насочени за забава. Играта е и помалку едукативна со оглед на тоа дека во дел од игрите има скриено знаење. Пример, треба да ги научите знамињата на некои држави за да поминете дел од загатките.

Играта пред сè е наменета за најмладите, но и повозрасните може да ја искористат за да ги проверат своите интелектуални способности.

Logic Booster – Brain Games е бесплатно достапна за преземање на Google Play Store.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top