Компанијата за масовен превоз на Илон Маск, Boring Company, го доби првиот официјален договор со некој град. Чикаго е првиот град кој на компанијата официјално и го додели првиот договор. Администрацијата на градоначалникот Рам Емануел ја одбра компанијата на г. Маск за своите потреби.
Транспортниот систем кој ќе го изработи компанијата треба да овозможи превоз на патници од аеродромот Охаре до ценатарот на градот. Со ова, патувањето ќе се скуси за 30 минути, од 40 минути на 12.
Цената на целиот проект е 1 милијарда долари. Засега е нејасно кој ќе ги обезбеди средствата за изработка на целиот проект. Boring Company ќе ги обезбеди сите средства за изработката на целиот проект, пренесе Chicago Tribune. Компанијата имаше досега неколку crowdfunding кампањи во кои преку продавање на капчиња и „пламенофрлачи“ собираше средства за своите проекти.
Сепак Boring Company ќе ги задржи сите средства од билетите, брендирањето и рекламите во возилата и тунелите.
Идејата која Boring Company ја презентираше претходно беше своевиден персонализиран траспорт. Поточно, секој автомобил може да се приклучи и да се спушти во тунелот.

Овој пат тоа не е случај, туку станува збор за некаков вид на метро, во кој мини автобуси ќе ги пренесуваат патниците од една на друга локација. Минибусите повторно ќе патуваат под земја во специјални тунели. Всушност ова е и потврдување на насоките кои ги најави Илон Маск во март, кога најави дека ќе се префрлат од поединечен транспорт на масовен транспорт.
Возилата ќе превезуваат до 16 патници со брзина од околу 160 km/h. Цената која патниците ќе треба да ја платат за транспортот е помеѓу 20 и 25 долари.







