LinkedIn Today е одлична алатка да ги задржи корисниците на бизнис мрежата, која иако популарна и корисна сепак не нуди нешто повеќе за да се посетува секој ден.
Приказните, односно вестите на почетната страна на Today се извлечени од индустриите кои вие, како корисник, ги следите и сте заинтересирани. Покрај секоја вест има бројка која означува колку пати таа вест е споделена на Twitter и LinkedIn. На врвот имате и други категории каде може да прочитате што се случува и во другите индустрии. Повеќе во видеото подолу или во блог постот.