Русија му даде еден месец нa Apple да го отстрани Telegram од App Store за руските корисници. Руската агенција за следење на комуникациите, информациска технологија и средства за масовна комуникација – „Роскомнадзор“, побара Apple да ги блокира пуш нотификациите за Telegram, јави Wccftech.
Засега нема најава за можните последици доколку Apple ја одбие соработката, но пораката од агенцијата има заканувачки тон.
За да биде избегната можна акција од Роскомнадзор за прекршоци во функционирањето на Apple Inc. бараме од вас да не известите што е можно побрзо за активностите на компанијата за разрешување на проблемот
Агенцијата додаде дека Apple има еден месец да ги исполни барањата. Иако не објаснето кои се можни последици, не е исклучено Русија да ги затвори продавниците на Apple. Секако поверојатни се некакви казни за Apple доколку Русија одлучи дека Apple е преголем залак да биде искористен за пример.
Барањето за отстранувањето на Telegram започна во април. Властите во оваа држава подолго време се закануваа дека ќе ја блокираат апликацијата ако не ги добијат клучевите за криптирање. Telegram не ги испрати, па конечно е остварена и заканата.
Основач на Telegram е Русинот Павел Дуров. Можеби поради ова, власта тогаш сметаше дека ќе може да се направи притисок, но тоа сепак не се случи. Интересно е што Telegram го користеле и руски официјални претставници за комуникација. Според рускуте власти токму овие претставници се главна причина за бaрање на клучевите за криптирање.
Во мај Русија блокираше над 50 VPN сервиси кои нудеа пристап до Telegram. Сепак и покрај сите напори се проценува дека досега намалувањето на можностите на платформата е помеѓу 15 и 30 отсто.
Privacy is not for sale, and human rights should not be compromised out of fear or greed. https://t.co/ACsCvk6WFx
— Pavel Durov (@durov) April 13, 2018







