0 коментари 1 мин. читање

PlayStation 3 доби 10-дневна забрана за продажба во Европа

Според LG, Sony прекршува неколку патенти за електронски уреди и патенти во врска со Blu-ray технологијата. Двата гиганта се вмешани во меѓусебни тужби за прекршување на патенти, каде и Sony бара да забрана за увоз на LG паметни телефони во САД.

Јапонската Sony неделно испорачува по 100.000 гејминг конзоли, и најверојатно ќе го искористи правото преку суд да се обиде да ја тргне забраната, додека LG може да поднесе барање да се продолжи забраната за увоз на продуктот.

Доколку се пресуди дека LG или Sony ги прекршиле патентите тогаш ќе мора да се компензира за секој продаден уред, резултирајќи во компензација од стотици милиони евра.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top