0 коментари 2 мин. читање 5 март, 2018

Snap продолжува со очилата, најавена нова верзија на Snaptacles

Snap продолжува со производството на очилата кои функционираат како камера. Snapstacles 3.0 ќе бидат достапни во 2019 година и ќе излезат следната годнина, јави Cheddar. Веќе за оваа есен е најавена верзијата 2.0.

Се чини дека компанијата не се грижи премногу за моменталната состојба со акциите и сите проблеми кои произлегуваат. Можеби една од главните причини за ова е што очилата се продаваа одлично, а имаше редици пред секој од автоматите на кои беа достапни.

https://www.youtube.com/watch?v=XqkOFLBSJR8

Сепак и покрај ова компаниајта продаде 150.000 пара очила и загуби 40 милиони долари. Сепак, новите очила ќе бидат водотпорни ќе доаѓаат со подобра камера и во нови бои. Други поголеми промени нема да има во втората верзија на очилата.

Сепак за третата верзија се најавени значителни измени. Snaptacles 3.0 доаѓаат со 2 камери што можеби би овозможило и 3Д ефекти.  Дополнителено, она што го овозможуваат очилата е да го доживеете искуството како и корисникот, со 3Д-ефекти ќе биде и уште подобро.

Засега веста е непотврдена. Но, Snap сега во производство на новата верзија ќе ја има и компанијата FiveFocal потсетува Verge.

Можеби новите 3.0 очила од Snap ќе доаѓаат со понова технологија и поголема функционалност, но дали и светот ќе биде подготвен за нова технологија. Она што е сигурно е дека пазарот за очила за проширена реалност е побогат од било кога претходно. Дали ова ќе се пренесе и на овие очила од Snap останува да видиме.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top