0 коментари 2 мин. читање 18 јануари, 2018

Поднесени куп тужби во одбрана на интернет неутралноста

Тужба поднесена од 21 јавен обвинител, тврди дека Федералната агенција за комуникација го прекршила законот. Обвинителите тврдат дека причините за одлуката се произволни и каприциозни. Дополнително, одлуката менува долготрајна определба да се запре самоволието на интернет провајдерите.

Mozilla има сличен став. Компанијaта вели дека промените ќе им наштетат на идните претпримачи кои ќе мораат да платат за да испорачаат содржина до корисниците. Со оглед на тоа дека истовремено ова го прават и поголеми компании, не е премногу веројатно дека новите компании ќе бидат успешни. Со ова ќе и се наштети и на иновацијата. Тужба по слична основа ќе поднесе Open Technology Institute.

Тужби поднесоа и Free Press и Public Knowledge.

Четири тужби се пред Апелациониот суд  на Колумбија, а една пред Првиот окружен аплационен суд, пренесе New York Times.

Тужбите се поддржани и од Интернет асоцијацијата, која ја поддржуваат технолошките гиганти како Google и Netflix.

„Интернет пристапот е јавна услуга, како струја или вода. Секој корисник има право за пристап до онлајн содржини без мешање и манипулација од нивниот интернет провајдер“, вели Ксавиер Бесера, обвинител од Калифорнија.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top