0 коментари 1 мин. читање

Роботите на Alibaba и Microsoft читаат подобро од луѓето

Вештачка интелигенција креирана од Alibaba и Microsoft чита подобро од луѓето. Ова го покажаа тестовите на Универзитетот Стенфорд. Ова е прв пат машини да поминат подобро од луѓето на тестовите за разбирање, пренесе CNN.

Тестот за читање истовремено е и тест за разбирање на прочитаната содржина. Така најпрво се чита пасус на пример, за британската серија „Доктор Ху“. Потоа вештачката интелигенција одговора на прашања од овој пасус. Пример: „Како се вика бродот на Доктор Ху?“.

Вештачката интелигенција на Alibaba помина 82.44% од прашањата; луѓето одговорија со 82.304%. Разликата е минимална, но сепак не е лошо за прв пат. Еден ден подоцна и вештачката интелигенција на Microsoft одговораше на истиот тест. Со 82.65% вештачката интлигенција на Microsoft е новиот рекордер.

„Овие тестови се корисен показател за тоа до каде е развојот на вештачката интелигенција. Сепак, вистинските продобивки од вештачката интелигенција се кога се користи во хармонија со луѓето“, вели претставникот на Microsoft.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top