0 коментари 2 мин. читање 5 јануари, 2018

Прелистувачот Opera со интегрирана заштита од скриптите кои копаат криптовалути

Можеби се подзаборавени, но во Opera продолжуваат да го подобруваат својот прелистувач. Новитет е надградбата на интегрираниот „ad blocker“ кој сега не ги пропушта скриптите кои го користат процесорот на корисникот за копање крипто-валути.

Надградбата е достaпна со верзијата 50 на Opera. Антивирусите и дополнителен „ad block“ и досега функционираа како заштита. Екстензии како MinerBlocker овозможуваат дополнителна заштита. Токму една од овие екстензии, NoCoin, е интегрирана во Opera.

NoCoin може да го пронајдете и активирате во Settings > Basic > Block ads > Recommended.

Интегрирана заштита на Opera ќе ги спречи скриптите да го користат процесорот на корисникот. Со самото тоа, не само што ќе ги подобрат перформансите на овие страници, туку и ќе гo заштитат компјутерот. Дел од овие скрипти максимално го оптоваруваат процесорот, што придонесува во неговото прегревање.

Според креаторите на Opera, над 1 милијарда интернет корисници некогаш биле жртва на овие скрипти.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top