0 коментари 2 мин. читање

Третирањето на верификацијата на профили на Twitter како престиж, можеби не е најдобрата идеја

Долго време Twitter ја користеше можноста за верифицирање на профили како алатка која на популарните им овозможуваше своевиден престиж. Плавиот знак за штиклирање стана доказ за популарност на микро-блогот.

Сега, неколку години подоцна, истиот знак кој потврдуваше дека @kobebryant е токму Коби, е извор на главоболки за Twitter. Овој пат причината е поради додавањето на доказ за автентичност на Џејсон Кеслер. Кеслер е истакнат националист и еден од организаторите на протестите во Шарлотсвил.

Проблемот е што Twitter го издигна верифицирањето на профилите на ниво што означува колку некого го сметаат за важен во заедницата. Па,  на ова се гледа како на некакво оддавање на признание. Ова можеби е оправдано со оглед на тоа дека едно од прашањата за потврда на идентитет е „Зошто сметате дека сте важни за јавниот интерес?“.

https://twitter.com/jamisonfoser/status/928671654305083394

Поради ова, голем дел од корисниците се разгневени.

https://twitter.com/TwitterSupport/status/928654369771356162?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.recode.net%2F2017%2F11%2F9%2F16629796%2Ftwitter-halts-verification-white-supremacist-richard-spencer-policy-blue-check-mark

Од објаснувањето на техничката поддршка на Twitter е јасно дека од микро-блогот не гледаат вака на работите, и дека потврдувањето на идентитетот не е поддршка. Секако, и од самата порака изгледа дека го разбираат проблемот. Дополнително, од Twitter јавија дека работат на проблемиот со верификацијата и наскоро ќе имаат нови вести.

Според твитот на Џек Дорси изгледа дека оваа промена е долго планирана и потврдите за автентичност наскоро би можеле да бидат достапни за повеќе корисници. Секако, доколку ова е случај, можеби требало порано и подобро да комуницираат со јавноста.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top