0 коментари 2 мин. читање 31 октомври, 2017

За 1 долар вештачката интелигенција Zebra-Med ќе ви ги прегледа и дијагностицира резултатите

Израелскиор медицински стартап Zebra Medical Vision презентираше услуга која на корисниците ќе им овозможи пристап до вештачката интелигенција.

Корисниците за 1 долар ќе можат да ги испратат резултатите од прегледите и да добијат преглед од вештачката интелигенција, јави Engadget.

Вештачката интелигенција може да прегледа и дијагностицира резултати од магнетна резонанца и компјутерска томографија. Потоа може да детектира болести на белите дробови, срцето и коските. Овие резултати потоа одат на контрола кај радиолог кој ќе советува соодветен третман.

Во моментов може да детектираат 11 различни болести, а до крајот на 2017 година ќе бидат додадени уште 6. Засега ова не е голема бројка, но секако е показател во која насока ќе се движи здравствената заштита во иднина.

https://youtu.be/0PGgCpXa-Fs

Вештачката интелигенција може многу побрзо и барем подеднакво точно да дијагностицира неколку болести. Во иднина секако вештачката интелигенција ќе станува, подобра и подобра што ќе им остави повеќе време на лекарите за пациентите.

Според најавите, технологијата на Zebra-Med ќе биде достапна и во државите во развој. Ова би можело да овозможува значително подобра здравствена заштита во иднина.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top