0 коментари 2 мин. читање 30 октомври, 2017

Поправката на скршен екран за iPhone 10 чини повеќе од цената за други телефони

Купувачите на новиот iPhone X ќе треба да бидат супер внимателни со новиот телефони. Секој сериозен проблем и промената на екранот на iPhone X ќе ги чини корисниците 280 долари. Остатокот на поправки кои може да го затекнат корисникот на телефонот, може да достигнат до 550 долари, јави Ars Technica.

За споредба, замената на екранот на iPhone 8 чини „само“ 170 долари. Поправките на новите iPhone 8 и iPhone 8 Plus ќе ги чини корисниците 350, односно 400 долари. Сервисирањето на iPhone ни досега не беше евтино, но со новиот уред, сервисот достига нови граници.

Високите цени на сервисот најверојатно ќе заинтересираат поголем дел од корисниците за AppleCare+ пакетот. Вообичаено овие сервиси се исплатат единствено во случаи кои не се посакувани. Кога телефонот е здрав или со мал број сервиси, корисникот ќе плати повеќе отколку цената на еден сервис.  Пример, дури и две промени на екранот нема да ја покријат претплатата за сервис на телефонот.

Новиот телефон започнува со испорака за 5-6 недели, но првата серија нема да има доволно уреди да го покријат интересот. Поради ова, еден дел од корисниците се подготвени да плаќаат значително повисока цена за да го добијат телефонот од купувачите кои имале повеќе среќа и се повисоко на листата купувачи.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top