1 коментар 2 мин. читање 25 јули, 2017

MacOS е безбеден или никој не го пронаоѓа малициозниот софтвер?

Помеѓу пет и десет години малициозниот софтвер Firefly незабележано инфицирал Mac компјутери. Напаѓачите имале надзор врз камерата, тастатурата и други чувствителни делови на компјутерот. Никој не може да каже зошто, ниту кој е креатор на софтверот.

Малициозниот софтвер е во иста група како и софтверот кој Malware Labs го откри во јануари. Софтверот собира податоци од заразаениот систем, но и од сите компјутери во мрежата. Двете верзии можат да „сликаат“ скриншот; да ги регистрираат копчињата кои ги притиска корисникот; да ја активираат и да сликаат со веб-камерата, јави Ars Technica.

Истражувачите од Synack кои неодамна го откриja кодот велат дека адресите во кодот до кои пристапува Firefly и денес се активни. Во тестирањето безбедносните експерти забележале дека за два дена до адресите од кодот пристапиле 400 компјутери.

Со оглед на тоа дека заразени се домашни компјутери, исклучена е можноста за хакирање на странски агенции. Она што збунува е што софтверот не собира податоци од платежните картички, ниту има можност за инстaлирање на поопасен код, како ransomware. Поради ова се чини дека кој и да ги организира нападите го прави ова единствено од „воајерски“ побуди.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top