0 коментари 2 мин. читање

The Writer е нов iOS текст едитор од македонскиот стартап Vulpi

The Writer е нова iOS апликација од креаторите на Wordbox, Vulpi Inc. Wordbox e текст едитор кој имаше простор на најголемите светски медиуми. Апликацијата ја претставија 9to5mac, Еngaged, Тechcrunch, Мacworld, Тhenextweb, Time.com и Тhe Verge.

The Writer е повторно во истата област (текст едитор), но е многу пософистицирана апликација. За користење на истата потребен е iPhone или iPad со iOS 10. Writer е убава и елегантна апликација, но поважно, лесна е за користење. Апликацијата користи технологија која во Vulpi ја нарекуваат „focus mode“, а овозможува корисникот да се концентрира на реченицата која ја уредува.

„Надградено е сè. Во новиот едитор текстот се уредува во реално време. На стариот мораше да се внесуваат одредени карактери за форматирање на текст, слики и слично. Writer има нов модерен дизајн, полесен е и поефикасен“, вели Абдуллах Алиоски, основач на Vulpi.

По пишувањето и уредувањето на текстот, корисникот може да го експортира во повеќе различни формати, како pdf и html, и да го испрати по електронска пошта. Дополнително, апликацијата доаѓа со повеќе различни теми: Night Mode, Gray Mode или Sepia Mode; можност за читање на текстот (како гласовен асистент); полесен начин за прикачување на слики и пребарување во текстот.

Претходната апликација на Vulpi, Wordbox имаше одличен одзив кај корисниците и кај медиумите. Wordbox има над 70,000 преземања, а ја промовираа куп познати медиуми и Marco Arment на неговиот подкаст atp.fm.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top