0 коментари 1 мин. читање

Слико збор е македонска апликација развиена од тинејџер, наменета за деца со пречки во говорот

Слико збор e македонска Android апликација која ја изработи 15-годишниот Даријан Шеќеров.

Апликацијата е потполно бесплатна и пред сè е наменета за децата со поинаков развој, на пример аутизам. Токму ова е инспирацијата на Даријан, кој прв пат со оваа состојба се сретнал преку пријател на своите родители. Со апликацијата Даријан веќе е добитник на Светската награда за млади претприемачи.

Апликацијата треба да им помогне на овие деца полесно да комуницираат. Начинот на функционирање е едноставен. Секоја од сликите е поврзана со некоја активност и со аудио. Така со притискање на сликата, со боење се активира и звукот „сакам да бојам“. Целта на апликацијата е да им помоген на овие деца да остварат поедноставна комуникација.

Апликацијата има помеѓу 5.000 и 10.000 преземања, но со оглед на тоа дека целната група е малечка, бројот на преземања не е клучен податок. Во јануари е направена последната надградба на Слико-збор, кога е додадена и темата за семејство.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top