0 коментари 3 мин. читање 31 март, 2017

Провајдерите знаат куп податоци за корисниците

Можеби проверувате дали сајтовите кои ги посетуваате се со HTTPS протокол. Сепак, ова не помaга ако провајдерите сакаат да проверат што правите.

На пример, додека ја читатe оваа статија вашиот провајдер не знае што точно читате, но знае дека it.mk е страница за вести од технологијата. Од ова може да дознае дека ве интересира технологија, но и тоа не е премногу. Сепак како што објаснува the Atlantic, сите веб-страници не се исти. Така, ако корисникот ги посети plannedparenthood или dcabortionfund, споделува со провајдерот различни информации, податоци кои треба да бидат приватни.

Дополнително, преку мета-податоци и прескенирање на сајтовите, провајдерите точно ќе знаат која веб-страница на сајтот ја посeтува некој корисник. Ова е овозможено преку следењето на редоследот на вчитувањето на ресурсите. Секако за ова провајдерот ќе треба и самиот да ги прескенира страниците, но повеќе е прашање дали ова ќе им се исплати.

Група истражувачи од Универзитетот Бен Гурион во Израел, успеа да ги препознае видеата од YouTube со точност од 98%. Ова е овозможено од технологијата на YouTube која се користи за оптимизација на стримингот.

„На почеток на стримот секој плеерот набрзина добива неколку, а подоцна периодот помеѓу пакетите станува подолг сѐ додека не е одбран соодветен квалитет. Овие податоци овозможуваат препознавање на секое видео“, вели Рен Дабин од Универзитетот Бен Гурион.

Ова може да обезбеди начин со кој ќе се следи секој корисник кој ги гледа видеата на ИСИС. Или во зависност од секое видео ќе може да се креираат групи корисници кои потоа ќе се продаваат на маркетинг агенциите.

Оваа недела законодавците во САД донесоа закон кој ќе овозможи користење на овие податоци без дозвола од корисниците. Со овој закон можеби ќе се направи мапирањето на страниците и на видеата да биде исплатливо.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top