0 коментари 1 мин. читање

Дрон срушен со “Patriot” ракета

Веројатно добивме презентација на најнеекономичниот начин за справување со дронови. Комерцијален дрон од 200 долари беше срушен со „Patriot“ ракета која чини над 3 милиони долари, јави BBC.

„Дронот чини 200 долари на Amazon и немаше шанса против Patriot ракетата.“, вели генералот Дејвит Перкинс.

Генералот Перкинс објасни дека ракетата ја лансирал сојузник на САД и не е дел од вежба. Сојузникот сметал дека се справувал со закана. Дронови често се користат за напад во Ирак и Сирија. Исламската Држава ги модифицира и ги користи за бомбардирање. Сепак, спуштањето на дрон со патриот ракета изледа налудничаво.

„Да бев јас непријател сега, ќе се замислев. Еј, ќе си купиме куп дронови за 300 долари од eBay и ќе може да ги уништиме сите Patriot ракети.“, додава генералот.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top