1 коментар 1 мин. читање

WordPress овозможи соработка при уредувањето преку Google Docs

Една од најпопуларните алатки за развој на веб-страници WordPress додаде можност за колаборативно уредување на содржина преку Google Docs. Станува збор за плагин кој е веќе достапен за преземање и интеграција.

Ако редовно уредувате или објавувате содржина користејќи го WordPress, најверојатно веќе знаете дека платформата не е идеална за соработка. Објавувањето на содржини од автори со различни пермисии е често проблематично, а креирањето содржина на Google Docs и нејзино копирање доаѓа со куп неопходни уредувањa и менување на форматирањето.

Плагинот ќе овозможи поедноставно уредување на содржината. Корисникот нема да мора да се грижи претходното форматирање кога ќе ја додава содржината. Содржината креирана во Google Docs заедно со слики, видеа и линкови може веднаш да се префрли на веб-страницата. Дополнително најголем дел од форматирањата ќе останат непроменети.

Дополнително ова ќе овозможи надминување на проблемите при соработка на содржината. Наместо креирање на содржината во WordPress, истата може да се направи во Google Docs со истовремено едитирање или пишување на повеќе автори и контрибутори.  Дополнително содржината ќе може да се создава и уредува офлајн, па потоа да се префрли на страницата.

Плагинот може да го користат сите страници кои се хостираат на wordpress.com, сите независно хостирани WordPress и WordPress Jetpack plugin страници, јави Verge.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top