1 коментар 1 мин. читање 8 март, 2017

Роботи веќе можат да испорачуваат производи во Вирџинија

Вирџинија е првата држава која дозвoли испорака на продукти со роботи. Законот овозможува автономните роботи за превоз да можат да користат тротоари и пешачки премини за превоз на производи. Законот ќе стапи на силна на 1 јули, јави Recode.

Законот е дело на Рон Виланова и Вил Дестеф, но ова е комплексен проблем, па за поголема стручност консултираа експерти. Експерите доаѓаат од естонскиот стартап Starship Technology кои и работат на роботи за достава по земја.

Роботите ќе се движат со брзина до 16 km/h, а ќе можат да тежат најмногу до 22.7 килограми. За разлика од автомобилите ќе можат да бидат потполно автономни, но ќе мора да има оператор кој барем ќе го надгледува роботот. Сепак операторот може ова да го прави и преку камерите без да мора да биде во близина.

Наскоро се очекува сличен закон да донесат и Флорида и Ајдахо.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top