Основачите на стартап компанијата Lymbix смислија решение за овој проблем. Креираа додаток за Мicrosoft имејл клиентот, Outlook, кој врши детална емоционална анализа за да го провери тонот на содржината на вашата порака. ToneCheck се покажа како инстант хит, околу 20.000 корисници го симнаа само во првиот месец. Моментално се спрема подобрена и попаметна верзија која најверојатно ќе излезе во текот на овој месец.
ToneCheck е едноставен за користење: предефинираниот тон на пораката која сакате да ја пишувате, по завршувањето притискате Run ToneCheck и апликацијата ќе ви ги посочи фразите кои можеби се надвор од саканиот контекст. Следната верзија ќе биде слична на опцијата за проверка на правопис: додека пишувате ќе ве извести ако внесете сомнителна содржина. Развивачите на оваа апликација се ентузијасти за нејзината примена во повеќе сфери, па имаат планови за апликација која ќе се вика ToneFilter и која ќе треба да овозможи подобро корпоративно работење.
Како би помогнала оваа апликација? На пример, ако стигне порака со смирен тоа, би се сметала за порака за корпорацијата, порака од гневен муштерија би се префрлила директно кон одделот за корсничка поддршка, а ентузијастичка порака кон оние кои се одговорни за продажба.
Сопствениците на Lymbix засега ја чуваат апликацијата бесплатна затоа што се задоволни од профитот кој го имаат од API лиценцирањето и од неколку сеуште необјавени партнерства. Постојано добиваат побарувања да ја развијат оваа апликација и за други сервиси, па можеби и нема да биде толку долго пред да ја имаме и на Facebook, велат од Lynbix.
Мора да се напомене дека оваа апликација работи само на англиски. Но, токму и за тоа може да биде корисна. Англискиот јазик е странски јазик со кој не сите владееме најдобро. Користејќи ја апликацијата барем ќе знаете каков ефект има вашиот пишан англиски јазик.
Можеби емоционалниот тон е дискутабилна работа, и можеби нема во секој случај да погоди каде се нашите грешки, но барем ќе не натера два пати да размислиме пред да пратиме порака која може да биде погрешно разбрана.
(via Mashable)
Коментари
3 коментари
Коментарите се затворени.