0 коментари 1 мин. читање

Со Honeycomb стартува ерата на Android таблет компјутери

Единствената пречка Android таблет компјутерите да му конкурираат на iPad до сега беше токму соодветен, приспособен оперативен систем. А знаејќи како Android за паметни телефони за само две години дојде до врвот благодарение на разновидната понуда и отвореност, може слободно да претпоставиме дека оваа Android инвазија, a потоа и превземање на тронот, ќе се случи и кај таблет компјутерите.

Со Honeycomb развивачите на апликации ќе имаат API алатки кои ќе помогнат да се оптимизираат апликациите за таблет искуство. Една од истакнатите новини кај Honeycomb е можност на домашниот екран да се постават видџети, додатоци, пример, за инстант Gmail или други апликации. Honeycomb има и подобра поддршка за мулти-допир, нов систем за 3D рендеринг и поддршка за dual-core процесори. Има и подобра видео апликација, со која видеото може веднаш да се закачи на YouTube.

На истото претставување, видео може да видете подолу, Google претстави и веб базиранa верзија на продавницата за апликации, Android Мarket.

 

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top