0 коментари 1 мин. читање

Пронајден нов малициозен софтвер за Mac

Mac веќе долго време важи за побезбеден компјутер од Windows десктоп. За macOS има помалку малициозни софтвери, а оперативниот систем долго време важи и за поиздржлив на сајбер напади. Сепак, во последно време е сѐ поголем бројот на злоупотреби и на macOS. Најнов на листата е Xagent за Mac.

Како и на останатите, оперативниот систем Xagent може да отвори канал преку кој може да: прибира лозинки; да прибира на скриншоти од екранот, па дури и собирање на бекап копиите од iOS. Според безбедносните експерти Bitdefender, малициозниот софтвер е дело на руската хакерска група APT28. Истата група се обвинува и за хакерските напади врз серверите на Демократската партија и со тоа дека влијаеа на изборите во САД.

Иако Xagent доаѓа со повеќе модули: FileSystem, KeyLogger, RemoteShell, или HttpChanel, најголемата опасност секако е во можноста да украдат бекап податоците од iOS.

Ако има некоја добра вест, тоа е дека вaков софтвер се користи за напад на однапред одбрани цели со поголема важност. Ова значи дека обичните корисници се прилично безбедни кога е во прашање Xagent. Малициозниот софтвер не е широко распространет на интернет.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top