0 коментари 1 мин. читање 11 јануари, 2017

LG најави нов 5.7-инчен телефон кој ќе го предводи нивното портфолио

Корејскиот производител LG, го најави следниот „flagship“ телефон LG G6. Станува збор за уред со 5.7-инчен QHD+ LCD дисплеј кој ќе биде достапен оваа година. Екранот на телeфонот е импресивен. QHD+ овозможува резолуција od 1.440х2.880 и 564 ppi. Новитет е промената на стандардниот однос на должината и ширината на екранот, кој овој пат е 18:9 или 2:1. Новата дисплеј технологија е подобра за користење на светлина и е поштедлива.

Засега е непознато дали LG има план за друг вид на презентации. LG експериментираше со V10 и V20 и дополнителен екран, потсетува Verge. Компанијата е еден од најголемите производители на екрани за паметни телефони, па подобриот QHD+ ќе биде предност пред конкуренцијата.

За повеќе податоци за новиот телефон сепак ќе треба трпение. Компанијата најаверојатно ќе објави повеќе информации кон крајот на февруари на Mobile World Congress настанот во Барселона.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top