0 коментари 2 мин. читање 25 декември, 2016

Излезе PC демото за Resident Evil 7 (18+)

Играчите на конзоли веќе половина година како имаат пристап до демото за Resident Evil 7, но таквото нешто не беше случајот и со PC гејмерите, барем до пред некое време.

https://www.youtube.com/watch?v=p-WFOJK7h4g

Од сега, демото Beginning Hour е ваше за преземање и играње преку клиентот на Steam, под услов да сте спремни да одделите 3.2GB простор, но и да поседувате чудовиште чии заби се поостри од i5-4460, GTX 760 и 2GB RAM (ова се минималните побарувања).

Што се однесува до самото демо, во Beginning Hour се наоѓате на подот на напуштена фарма и, со оглед на тоа дека ноќта се приближува, ќе биде потребно брзо да реагирате за да најдете излез од лудилото кое се заканува да ве преземе. Од она што можевме да забележиме, демото недвосмислено потсетува на имерзивната атмосфера од Amnesia и е одлична закуска за тоа во кој правец, технички и уметнички, се движат модерните хорор игри. Имајте предвид дека, за разлика од демото за конзолите кое неколку пати се надградуваше со нови области и мистерии, PC демото е лишено од такво нешто и се одликува само со првичната верзија од пред шест месеци.

Resident Evil 7 / Biohazard 7 излегува на 24 јануари, по цена од 50 евра. Споредено со претходните игри од овој серијал, седмицата нема целосно да се потпира на моќта на оружјата и ќе дава поголем акцент на загатки, управување со ресурси и лечење со билки, а непосакуваните quick-time events целосно ќе бидат исфрлени. Верзијата за PlayStation 4 може од почеток до крај да се игра во виртуелна реалност со PlayStation VR сетот. Погледнете ги реакциите од таквото искуство на IGN!

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top