0 коментари 2 мин. читање 26 декември, 2016

Google најави два паметни часовници за почетокот на 2017

Google најави два паметни часовници за почетокот на 2017. Ова ќе биде и деби на Android Wear 2.0, јави Verge.

Ова е првпат официјално Google да ја потврди веста. Компанијата за часовниците се враќа на партнерствата со производители. За разлика од Pixel телефоните кои компанијата сама ги произведува, часовниците ќе бидат брендирани од страна на производителот. Учеството на Google е во помошта за прилагодување на часовникот на можностите на Android Wear 2.0. Компанијата се надева дека со новиот оперативен систем ќе го зголеми интересот за часовниците.

Заедно со новите паметни часовници и Android Wear 2.0, најголем дел од поновите постоечки часовници ќе бидат надградени на новиот оперативен систем. Часовниците кои имаат NFC ќе можат да се користат за Android Pay, a оперативниот систем доаѓа и со гласовниот асистент и со апликации за кои не е потребен телефон.

Дел од часовниците кои ќе можат да надградат на Android Wear 2.0 се:

  • Moto 360 Gen 2, Moto 360 Sport;
  • LG Watch Urbane 2nd Edition LTE;
  • LG Watch Urbane;
  • Polar M600;
  • Fossil Q;
  • Huawei Watch;
  • Asus ZenWatch 2  и Asus ZenWatch 3.

Листата не е комплетна, а Google најави дека речиси сите понови часовници ќе бидат надградени на Android Wear 2.0.

Очекуваме паметните часовници заедно со куп кул хардвер да бидат презентирани на самиот почеток на 2017 на CES.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top