1 коментар 2 мин. читање 19 декември, 2016

Letz е прогласен за Бот на годината на Product Hunt

„Честитки до малиот тим на Letz од Македонија за освојување на првата Golden Kitty статуетка во категоријата Бот на годината. Ова беше жестока трка до самиот крај помеѓу Letz, Nerdify Bot и ботот на Duolingo. Почесно спомнување и на Statsbot, Google Analytics ботот за Slack“, вака Product Hunt на својот блог на Medium го претстави македонскиот стартап Letz.

Гласањето беше отворено за сите кои имаат свој акаунт на Product Hunt, кој може практично да се регистрира во неколку секунди со поврзување на постоечките Twitter и Facebook акаунти на корисниците. Golden Kitty Awards се годишни награди кои Product Hunt ги организира во кои прави пред-селекција на производите кои биле претставени на Product Hunt во годината и ги става во 15 категории. Годинава повеќе од 200 продукти беа одбрани за учество на Golden Kitty Awards.

Тимот на Letz активно учествуваше во промовирање на овие награди и повици до сите да гласаат и да им помогнат да го освојат првото место, откако првична стратегија да бидат одбрани за продукт на денот при лансирањето во октомври не им успеа, ова се покажа како одлична втора шанса.

Product Hunt е одлична платформа која на секој стартап му нуди можност за промоција и дејствува како голем катализатор при лансирање на продукт. Повеќе за тоа што значи Product Hunt за сите стартапи може да прочитате во статијата на Петар Ниновски и Ивана Каралиева на следниов линк.

Им честитаме на Letz и им посакуваме уште многу успеси во иднина!

Avatar photo
Напишано од

Дамјан Дано

Дамјан е иницијатор и еден од ко-основачите на IT.mk, а исто така и основач на ИТ компанијата IWM Network и на Aqtos, бизнис оперативен систем за компании. Има повеќе од 20 години искуство во развој на дигитални производи, дигитална трансформација, веб-развој, UX/UI, SEO, брендирање и е-трговија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top