0 коментари 1 мин. читање

Slack и Google најавија партнерство за подобра интеграција

Slack и Google пронајдоа нов „непријател“ против кој ќе се здружат. Откако Microsoft излезе со Microsoft Teams како директен конкурент на Slack.  Потоа Teams го интегрира со Office и  друг софтвер кој е конкурент на Google Documents. Двете компании сега започнаа соработка која ќе овозможи поедноставна интеграција на Slack и Google Cloud.

Дури и со оваа соработка на двете компании, Microsoft е се чини во предност, барем кога Teams е во прашање. Можноста за интеграција на сервиси како Skype и Office. Slack нема софтвер кој сами го креираат надвор од апликацијата, па длабока интеграција е проблем за нивната платформа. Новата соработка треба да го корегира ова и да овозможи интеграција со комплементарни услуги.

Корисниците ќе имаат можност за брз преглед на Google документите. Дополнителна е интеграцијата со Google Drive ботот, јави TechCrunch. Администраторите ќе можат и да го уредуваат Slack преку G-Suite.

„Google и Slack споделуваат иста визија за иднината на работата: паметен софтвер кој може да ги приближи тимовите и да направи соработката и комуникацијата да бидат едноставни и достапни на едно место. Како резултат на ова тимовите можат да работат побрзо и поефикасно.“, вели Нен Боден од Google.

Најавените промени ќе бидат достапни следната година, според најавата, тоа би требало да биде во првата половина на 2017.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top