0 коментари 2 мин. читање

Помогнете им на локалните власти за подобра општина со „Идеи за Центар“

Сајт наменет за прибирање на идеи од граѓаните од страна на општината во која што живеат тешко дека ќе биде револуционерен напредок во 2016 година споредбено со светските трендови. Но, сепак вебсајтот „Идеи за Центар“ е токму тоа во нашето општество; можност за сите да придонесат со идеи за подобро место за живот или престој.

Иако не бев во целост убеден во можноста за успех на идејата, бројот на идеи со кои граѓаните допринесуваат е доста задоволителен. Страницата е достапна само една недела, а веќе има над 80 идеи за можни идни проекти. Бројот на гласови и коментари оставени на сајтот е уште поголем.

image-1321

„Во општина Центар постојано се трудиме да бидеме во директен и конструктивен контакт со граѓаните со цел да ја развиваме општината според реалните потреби на жителите.“, вели градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Идеите на граѓаните се интересни: потреба за повеќе простор за паркирање; отстранување на контејнери од улиците; до покривање на паркинзи со соларни панели.

image-1322

Дизајнот на страницата не е совршен но е прегледен, базиран е на WordPress тема, која според кодот и кредитот во CSS е имплементирана од страна на компанијата BTS Art Factory.

Споделувањето на мислење и идеи е едноставно. Со оглед на тоа дека станува збор за страница која треба да можат да ја користат сите граѓани, ова е одлично решение. За логирањето може да се користат социјалните мрежи, Facebook или Twitter.

Останува да видиме како општина Центар ќе го развива овој проект во иднина и колку од идеите на граѓаните ќе бидат имплементирани…

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top