0 коментари 1 мин. читање

Android сега е безбеден колку и iOS, тврди директорот за безбедност на Android

Корисниците на iPhone често зборуваат за безбедноста на телефоните и оперативниот систем. Со неколку исклучоци оперативниот систем е навистина безбеден, од друга страна општо познато и констатирано е дека Android важи за понебезбеден оперативен систем во споредба со iOS. Можеби поради ова е изненадување кога директорот на безбедност на Google вели дека двете платформи се речиси со исто ниво на безбедност.

„За речиси сите безбедносни закани, нивото на безбедност е речиси идентично на двете платформи.“, вели Адриан Лудвиг од тимот на Google.

android_security_picture1-630x358

Чекор повеќе, г. Лудвиг тврди дека наскоро Android ќе биде побезбеден од iOS. „На долг рок отворен еко-систем како Android ќе биде побезбеден“. Причината за безбедноста на платформата е „Safety Net“, функционалност на оперативниот систем, која скенира 400 милиони уреди секој ден и над 6 милијарди апликации. Резултатите од ова може да обезбедат подобри мерки за безбедност, јави Motherboard.

Новите верзии на платформата секако се безбедни, можностите за злоупотреба на безбедните пропусти на Android 6 и Android 7 се помали од постарите генерации. Сепак бројот на постари уреди е огромен. Најголемиот проблем кој го има Android е бавноста на производителите во издавањето на закрпите за безбедносните пропусти. Досега единствено Nеxus телефоните и Motorola додека беше под Google добиваа надградби навремено.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top