0 коментари 1 мин. читање

Живот со бионичка рака, што кога технологијата ќе ја надмине еволуцијата?

Технологијата која денес е достапна може значително да им го олесни животот на луѓето кои поради незгода или од раѓање имаат некој недостаток. Бионичките раце се поблиску до природните раце, но без сомневање наскоро ќе станат и подобри.  Најверојатно ќе се отворат и етички прашања, на пример дали вештачките раце треба да се прават подобри од природните и најверојатно поважно „што ако пациент со здрава рака посака да ја замени со бионичка“?

Ники Ашвел, девојката од видеото веќе една година е корисник на Bebionic рака. Вели дека сепак не би одела чекор подалеку за рака која постојано со жици ќе биде прицврстена со телото, пренесе Motherboard.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top