Intel, компанија позната на сите по своите процесори, го претстави првиот свој дрон. Falcon8+ е наменет за користење во индустријата и градежништвото. Дронот ќе може набрзина да прелета и да направи надзор на објектите и градилиштата. Со ова на работниците да им заштеди часови.

Дронот е со 8 мотори кои му овозможуваат брзина до 56 km/h. Ова е втор дрон на кој работи Intel. Претходната соработка со Ascending Technologies го донесе AscTec Falcon 8 и заврши со купување на AscTec и интеграција во Intel. Ова е прв дрон на компанијата откако е дел од Intel.

Намената и робусноста на дронот се забележуваат веднаш. Дури и контролерот е поробусен и заштитен од навлегување на вода. Intel е најновата компанија која се приклучува на креирањето на дронови. Сепак за разлика од паметните телефони. кои во целост ги пропушти, овде доаѓа на релативно нов пазар, па ќе имаат доволно време за освојат дел од пазарот,
Интересно ова е нова област на интерес на Intel, а вакви последо време има повеќе. Компаниајта неодамна ја претстави и својата идеја за виртуелна реалност. Намалената продажба на компјутери и компненети можеби ја принудуваат компанијата на пронаоѓање на алтернативи.