Профилот е веднаш тргнат од Facebook по барање на Дирекцијата за заштита на лични податоци бидејќи се прикажуваат лични информации на новинари и им се нарушува приватноста. Сликите и табелите се уште можат да се најдат на Facebook.
Интересно е што Facebook се користи како платформа за објавување на овие податоци, наместо посебен сајт или медиум, исто како што претходно се објавуваа контроверзни видеа со документи на YouTube.
Се чини анонимноста која Интернетот ја пружа, дозволува да се изнесат на површина документи кои на друг начин би предизвикале штета на индивидуалците.
Но, иако по примерот на Wikileaks (претпоставка поради сличноста во името), сепак ова е непрофесионален однос, бидејќи според основачот на контроверзниот сајт, Џулијан Асанж, пред Wikileaks да објави доверливи документи ги информира засегнатите личности и организации, а во примерот со Авганистанскиот дневник дури се бараше од сајтот да ги цензурира информациите кои можат да предизвикаат лична штета.
Коментари
11 коментари
Коментарите се затворени.