1 коментар 1 мин. читање

7-Eleven ја направи првата комерцијална испорака со дрон

Дронот на ланецот 7-Eleven ја направи првата комерцијална испорака на производ во САД. Дронот испорача сендвичи, крофни, кафе и колачиња во градот Рено, Невада. Станува збор за две пратки кои се доставени до двајца различни купувачи.

„Јас и жена ми работиме, а имаме и три мали деца 7, 6 и една година. Можноста за достава на производи веднаш, 24/7 е непроценлива. Неверојатно е што летачки робот може да ни достави храна и пијалоци за само неколку минути“, вели Мајкл, еден од првите корисници на достава со дрон.

Партнер на 7-Eleven е Flirtey кој пред околку една година направија достава на медицинска опрема. Целиот пакет е спакуван во две посебни пакувања кои беа спуштени на земја и купувачите ги собраа по испораката. За ориентација леталото користеше GPS, а ова е првиот тест на 7-Eleven. Компанијата го избра маркетот во Рено за тестот, а потоа бараше и доброволци кои ќе се приклучат на тестовите. Двете компании продолжуваат со заедничките тестови, но засега не ги објавуваат своите планови за следни тестови.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top