0 коментари 1 мин. читање

Android апликацијата на Twitter ќе биде со Material Design

Twitter корисниците кои ја користат апликацијата на Android, ќе забележат нов, надграден и помодерен дизајн. По новата надградба на апликацијата ќе бидат вклучени најдобрите делови на Android, вели Марјан Веланикаран од Twitter.

Новата верзија на Twitter во целост ќе ги користи можностите на Google Material Design. На кратко, отсега корисниците ќе можат со повлекување да го променат екранот помеѓу: „дома“, „нотификации“ и „директни пораки“. На левата страна е скриено мени за навигација, а копчето за нов твит е постојано достапно. Надградбата е достапна глобално.

Modern_Android

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top