2 коментари 1 мин. читање

iSendr, директно и безбедно споделување фајлови со пријателите

Сервисот користи Peer to peer споделување на фајлови, што значи дека кога ќе споделите линк со пријателот тој ќе го симне фајлот директно од вашиот компјутер преку енкриптирана конекција без закачување на друг сервер.

Дополнително за безбедност, можете да ставите лозинка на фајлот кој вашиот пријател ќе мора да ја знае за да го симне фајлот. Единствено останува да го споделите линкот и лозинката, но сигурно ќе се снајдете. :)

iSendr работи и со Android апликации, а од неодамна овозможува споделување фајлови со QR кодот.

Интересно, Македонија е една од земјите од каде најчесто се користи iSendr.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top