4 коментари 1 мин. читање

Со Teamlab до веб менаџирање на проекти

TeamLab e веб базиран, нема потреба од претходни инсталации. При креирање на профил ќе добиете сопствена URL адреса преку која сите поканети членови/вработени ќе можат да се логираат на порталот или проектот.

Користењето е едноставно. Кликате на едно од полињата, пример полето за блог, внесувате наслов, внесувате текст и тагови, и го објавувате. Исто така лесно се објавуваат и вести, анкети и форум постови. За додавање на проекти постои посебeн дел каде по објавување на проектот може да доделувате задачи на членовите, да закачувате фајлови, да ја прегледувате историјата и да дискутирате. Интересно е што Teamlab има интегрирано и свој чет за лесна комуникација. Дополнително корисно за водачот на тимот е што има алатки за следење на последните активности на персонализираниот портал.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top