0 коментари 2 мин. читање 6 април, 2016

Nvidia престави моќна графичка картичка за потребите на вештачката интелигенција

Новата графичка картичка од Nvidia, Tesla P100m доаѓа со 15 милијарди транзистори и ќе се користи за вештачка интелигенција. Tesla P100 е дел од Pascal серијата која засега нема комерцијален претставник кој ќе ги израдува гејмерите, што е штета бидејќи оваа графичка картичка е навистина моќна. Новата графичка картичка е 12 пати побрза од претходникот и доколку за процесирање на претходникот ви се потребни 25 часа, Pascal истата работа ќе ја заврши за 2 часа.

Графичкиот процесор и меморијата сега комуницираат преку 4.000 жици, што е 10 пати повеќе од Maxwell генерацијата која доаѓа со 384 жици за пренос на податоци. Процесорот е 16 nm произведен со FinFET технологија, што овозможува волкава густина на транзистори, повеќе од двапати повеќе од претходната генерација на Maxwell архитектура. Ова овозможува пресметки од 5,3 терафлопи при double-precision floating-point или 10,6 при single-precision.

Можеби најголемиот развој е во NVLink технологијата која овозможува комуникација помеѓу графичките процесори, помеѓу графичките процесори и процесорите со петпати поголема брзина преку стандардна PCIe врска. NVLink овозможува паралелна работа на 8 графички картички наместо досегашните 4, јави PC World. Компанијата ja претстави и DGX1 сервер платформата, доаѓа со два Intel Xeon процесори и 8 Tesla P100 графички картички. Вака комбинираниот систем има капацитет за 170 терафлопи. Ова не е воопшто евтино и серверот чини 130.000 долари, а има моќност од 3.500W.

Првите графички картички ќе се појават на почетокот на 2017 година, а графичките картички базирани на оваа технологија наменети за обичните корисници ќе бидат претставени во месеците кои доаѓаат.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top