2 коментари 1 мин. читање

Microsoft сака сите да имаат свој расистички бот

Microsoft најави Bot Framework кој на сите кои се заинтересирани ќе им овозможи да си креираат сопствен бот, кој подоцна ќе се претвори во расист. На овој Framework е базиран на Tay кој минатата недела предизвикува повеќе непријатни ситуации, отколку причини за пофалба. Отворениот код компанијата го најави на Build конференцијата.

Microsoft нуди „cognitive micro services“ или вештачка интелегенција кои корисниците ќе можат да ги интегрираат во својот бот. Овие делови ќе можат да анализираат слики, да разбираат што пишува корисникот од другата страна и слично. За сите кои веќе имаат сопствени автомати, платформата на Microsoft ќе овозможи интеграција со куп сервиси за пораки како Skype, Slack, Telegram, но и имејл и веб апликации. „Сакаме на сите да им овозможиме да можат да ги направат своите апликации попаметни“, вели директорот на Microsoft, Сатја Надела.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top