За само еден ден вештачката интелегенција на Microsoft се претвори од возбудлив експеримент во неподнослив расистички четбот, кој мораше да биде исклучен. Вештачката интелегенција Tay на крајот стана толкав проблем на Microsoft, што компанијата започна да ги едитира твитовите, за на крај да го исклучи.

Tay беше експеримент кој учи преку разговор. Креиран е за интеракција со луѓе и она што успеавме да ја научиме за еден ден беше најлошото од нас. „Tay е дизајниран да ги забавува луѓето преку интеракција додека се конектираат едни со други преку вообичаен и забавен разговор“ вели Microsoft. Но, она што го покажа првиот експеримент е дека вештачката интелигенција може да ги собере најлошите карактеристики на едно место. И требаше само еден ден од супер кул да стана супер нацист.

Ако сте загрижени за иднината на светот по вештачката интелегенција, можеби повеќе ќе ве исплаши тоа дека ботот на Microsoft ги научи сите овие работи од луѓето и тоа за помалку од половина ден…
@dg_porter heard ppl saying i wouldn’t mind trump, he gets the job done
— TayTweets (@TayandYou) March 24, 2016