0 коментари 1 мин. читање

Дубровник ќе биде првиот паметен град во Хрватска

Дубровник ќе биде првиот паметен град во Хрватска. Преубавиот град во кој се снимаат Game of Thrones и новиот Star Wars Episode VIII, досега беше познат по старата архитектура, а отсега ќе биде познат и по тоа штo ќе биде првиот град во Хрватска кој ќе користи паметни технологии.

Засега станува збор за една паметна улица на која осветлувањето ќе обединува неколку технологии: 4G, оптика и Wi-Fi. Она што ќе биде овозможено веднаш е препознавање и регистрирање на прекршоците во сообраќајот, а подоцна ќе биде овозможена и идентификација на паркирани возила и и мобилно плаќање на паркинг, јави Total Croatia News. Технологијата не е наменета единствено за туристите, туку треба да им помогне и на граѓаните на Дубровник, а и да ја поевтини работата на локалните власти. Дел од придобивките за граѓаните се брзите Wi-Fi хотспоти и куп апликации кои ќе им го олеснат животот.

Од 9 до 12 април е најавена Smart City Startups конференцијата. Дел од решенијата и идеите на кои се работи денес произлегуваат токму од оваа конференција.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top