0 коментари 1 мин. читање

Еден супериорен дрон да владее со небото врз Франција и Британија

Франција и Британија ќе инвестираат 2 милијарди евра за креирање на дрон кој ќе им стави крај на сите дронови. Планот предвидува креирање на дрон досега кој би можел да се користи за следење и набљудување, но и за ракетирање на различни мети. „Овој дрон ќе биде најсовремениот во Европа“, вели премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон.

Леталото ќе биде подоготвено за технички прегледи во 2020 година, а оперативно до 2030-та, пренесува Reuters. Леталото ќе биде креирано според физибилити студија креирана во 2014 година, а Франција и Велика Британија подеднакво ќе инвестираат во леталото.

Плановите за супер современиот дрон премиерот на Британија, г. Камерон и претседателот на Франција, Франсоа Оланд, ги претставија на комеморацијата на Првата светска војна.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top