0 коментари 1 мин. читање

Проверете дали вашиот компјутер е подготвен за виртуелната реалност на SteamVR

Оваа недела HTC го претстави Vive уредот за виртуелна реалност, a сега Valve излезе со алатка која на корисниците ќе им овозможи да го тестираат својот компјутер и да проверат дали се подгодвени за виртуелната реалност. Алатката проверува дали хардверот може да „испорача“ VR-содржини на 90 fps.

Потоа софтверот ќе ги презентира резултатите и ќе оцени колку често бил под 90fps и просечна оценка. Ars Technica провери повеќе компјутери, и се чини дека за разлика од Oculus минималните спецификации се различни и зависот од процесорот, графичката картичка и RAM меморијата. Препорачаната конфигурација од Valve е i5-4590 процесор, графичка картичка во рангот на GTX970 и 4GB RAM.

ss_b454bee2a8e0b39211a53c50ba797b7c2e5c3c34.1920x1080

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top