1 коментар 2 мин. читање

Канје Вест го оживеа Tidal, заборавениот музички сервис на Џеј-Зи

Канје Вест со еден албум успеа да го популаризира сервисoт за музика Tidal, ко-основан од раперот Џеј-Зи. Tidal стартуваше со многу помпа се додека не беше заборавен од корисниците. Но, сега е еден од покул музичките сервиси бидејќи Канје Вест го објави својот последен албум екслузивно на Tidal. Со албумот стартуваше и кампањата на Канје Вест на Twitter, постојано промовирајќи го албумот, но и барајќи милијарда долари од основачот на Facebook, Марк Зукерберг.

Марк Зукерберг можеби е главна цел на оваа кампања, но Канје не е пребирлив, па за помош го повика и Лери Пејџ.

За жал единствен кој му одговори на пораките е Едвард Сноуден, кој според многумина го имаше најдобриот одговор. Фановите на Канје сепак немаат причина за грижа Канје е господар на мемињата.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top