0 коментари 1 мин. читање

Samsung инвестира во паметни патеки што ве анализираат додека вежбате

IOFIT e компанија која се оддели од Samsung за да работи на нов фитнес продукт. Овој пат не станува збор за часовник, туку за паметни чевли кои според компанијата можат да им помогнат на корисниците. Она што ги прави обувките подобар уред од останатите е покрај можноста да се користат за броење на чекори, да се користат и за подобрување на ставот додека вежбате. Сензорите во чевлите можат да одредат каде е тежиштето на корисникот, а со тоа да помогнат со совет за подобрување, на пример за подобро голф замавнување, објаснува Next Web. Патиките на IOFIT ќе доаѓаат со влошки кои имаат куп сензори кои можат да ги следат: притисокот на нозете, распределбата на тежина, центарот на гравитација, темпото и површината на која газат корисниците.

IoFIT_Main_5

Се чини дека бројот на иноватори кои се заинтересирани за паметни обувки расте, но барем засега има недостаток од добри идеи. Неодамна Мартина Димоска, Николчо Гошев, Александар Лазовски и Лорета Тодоровска на првиот климатски камп во Македонија креираа и презентираа прототип на влошки кои можат да произведат доволно електрична енергија за напојување на таблет компјутер. Идејата имаше и презентација, но останува да почекаме за конечната реализација.

Официјално IOFIT ќе бидат презентирани на саемот во Барселона, а стартапот најавува дека првите обувки ќе бидат достапни преку краудфандинг.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top