0 коментари 1 мин. читање

AngelSense e aпликација која внимава на децата со аутизам

Технологијата се покажува како фантастично помагало за лицата со хендикеп. Една од поновите добри идеи е AngelSense, апликација и преносен уред кои им помaгаат на родителите да внимаваат подобро на децата со аутизам. Креирани од Дорен Сомер и Нери Бен-Азар, и самите се родители на дете кое боледува од аутизам, AngelSense е GPS локатор и апликација на која пристигаат нотификации преку кои родителите знаат во секој момент каде се наоѓа нивното дете.

Локаторот е малечок и може да се смести во џеб или да се прикачи на облека, а доаѓа со микрофон, па родителот може точно да знае што се случува со детето и каде се наоѓа. Има опција за испраќање на SMS порака да се извести група на луѓе од доверба кои ќе ја добијат локација на детето. AngelSense треба да реши голем и тежок проблем на родителите на децата со аутизам. Според Pediatrics речиси половина од децата со аутизам постари од четири години залутале најмалку еднаш, вели Mashable.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top