Зошто Скопје е добро место за стартапи?

во ИТ.МК, Совети

<Поправка>Текстот е поправен поради грешка околу авторството. Водичот не е на Macedonia2025, туку на Теодос Пејоски, Ева Пиперевска и Елена Јовчевска, првично објавен на Startus.cc.</поправка>


Добра конекција со останатите европски градови, 80 отсто од младата популација зборува англиски, брз и стабилен интернет и лесното регистрирање на компании во Македонија, се дел од причините поради кои странците гледаат на Скопје како на добро место за отворање на стартап, велат Теодос Пејоски, Ева Пиперевска и Елена Јовчевска oд македонскиот стартап G6 Solutions, во водич објавен на Startus.cc.

„Скопје е главен град на Македонија, центар и средиште на македонскиот стартап екосистем. За него сакаме да кажеме дека е град во раст, главно место каде индустријата и образованието се соединуваат и креираат совршена формула за успешен стартап“.

Што се однесува до предупредувањата дел од нив се однесуваат на законодавството и недоволната дигитализација, што предизвикува доза на бирократија, но и проблем за пристап до финансии. Можеби најголемиот проблем сепак е генерацискиот јаз, па вработените во институциите често не ги разбираат потребите на технолошки иновативните процеси.

Прирачникот во кој дечките од G6 ги споделуваaт предностите на Скопје како следна локација на стартап е еден од најдобрите кои ги имаме видено (full disclosure: it.mk е спомнат). На едно место и накусо, авторите успеале да опфатат речиси сѐ од предности и недостатоци за креирање на стартап во Скопје, локации за канцеларии за соработка како Co-office, Yes Incubator или NewMan’s Business Accelerator, па сѐ до настани, средби и Facebook групи кои се интерeсни за претприемачите како MKStartups, Silicon Drinkabout, Startup Grind, Beer and Code, AllWeb или Codefest.

Дури и да не сте странец кој разгледува дестинации за својот стартап, прирачникот може да се најде и на македонските стартап ентузијасти, инвеститори, основачи и претприемачи.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Teddy
Teddy
10 years ago

Гајдот не креиран од Македонија 2025 туку е креиран од Ева, Теди, Елена, и е иницијално објавен на http://magazine.startus.cc/skopje-startup-city-guide/ во Септември минатата година (како што и пишува најдолу на текстот). Истиот е основа за ресурсите на Western Balkan Startups, иницијатива на Британски Совет (https://westernbalkanstartups.com/resources-skopje/). Така да ”Macedonia 2025 успеале да опфатат” е неточна информација.