0 коментари 1 мин. читање 20 јануари, 2016

Може да се инсталираат Android апликации директно од пребарувањето на Google

Google има нова функционалност која го приближува поблиску до мобилна платформа. Таа опција е што може Android апликациите да се инсталираат директно од пребарувачот. Линковите се појавуваат во резултатите од пребарувањето кога корисникот ќе побара некоја апликација. Засега сервисот е во тест фаза и нема да им биде достапен на сите корисници, но се чини дека е во прва фаза на глобално издавање, вели Android Police.

Тешко е веројатно дека Alphabet или Google сака да го замени Google Play со пребарувачот. Најверојатно станува збор за помали функционалности кои треба да им ја олеснат работата на корисниците кои пребаруваат апликации преку мобилен. Минатата година Google овозможи пронаоѓање на телефонот со пишување на „Find my phone“, но и испраќање на мапа и упатства за пристигање директно во пребарувачот.

nexus2cee_112

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top