9 коментари 2 мин. читање

Пријавете полицаец преку интернет. Анонимно.

При пријавување на поплака, МВР ќе ви побара мејл или име, но ако сакате анонимнно да пријавите рипнете го тоа поле, мислам дека пријавата се прифаќа и без мејл.

„Анонимното пријавување, од една страна, ќе ги охрабри граѓаните да реагираат на сите регистрирани недоследности во постапувањето на полициските службеници, но од друга страна, што е не помала придобивка, нам ќе ни овозможи навремено да бидеме запознаени со одредени пречекорувања или непочитувања на законските и подзаконските акти.“ вели министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

Исто така, според г-ѓа. Јанкуловска полицајците сега ќе треба да размислат два пати пред да направат некоја глупост. Во последниве осум месеци пријавени се 755 случаеви за непрофесионално однесување и злоупотреба на службените лица.

Надополнето 29.09: Што значи анонимноста? На Twitter се спомена дека МВР може да ја зачува IP адресата од каде е пратена поплаката. Разговаравме со МВР и велат дека внесената поплака оди кон Внатрешната контрола без IP адресата. Беше малку чудно од МВР што ми рекоа „зарем ние ќе проверуваме IP адреси на 5 милиони посетители“ бидејќи тоа е вкупната до сега бројка, можеби сајтот има 100-1000 уникатни по IP посетители на ден и според времето на пратената поплака и посетите ќе може да се најде и IP адресата. Но… сепак МВР категорично вели дека не ги зачувуваат IP адресите. Од друга страна, би требало да користат поголема проверка на HTML формата за поплаки како и енкриптирани канали на комуникација од клиент до сервер со помош на SSL или пак jCryption и сл.

никој не верува во анонимноста на пријавувањето на полицаец преку веб сервисот.less than a minute ago via web

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

9 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top