1 коментар 1 мин. читање

НајдиДом.мк е прв агрегатор за недвижности

НајдиДом.мк е нов македонски агрегатор за наедвижности. Основачи на НајдиДом се Игор Стаматовски и Игор Попов, односно основачите на iborn.net и NabiWorks. Главната поволност која ја нуди Најди Дом е олеснување на пронаоѓањето недвижности, а во моментов сервисот ги агрегира огласите од Reklama5, Pazar3, Vrapce и Novpazar.

Како и сите останати агрегатори, најголема предност на сервисот е што овозможува пребарување по сите огласи без разлика каде оригинално се поставени, а со тоа им заштедува време на корисниците. Огласите се поделени во две главни категории, продажба и изнајмување, а огласите се поделени и по градови, односно општини.

Слично како и кај останатите агрегатори, најголема слабост на сервисот е што зависи од останатите платформи за податоците и нивниот квалитет. Така корисниците ќе можат да забележат дека дел од огласите доаѓаат со смешни цени за изнајмување, дел од становите се без локација, а дел се со различна внесена и реална локација, пример станот е внесен во Карпош, но всушност се наоѓа во Аеродром.

najdidom

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top